Баксуз

Се буди Трпе од кома, Трпана седи до него и целата е среќна:
- Трпано се сеќаваш ли ти, кога ја изгубив работата, сите ми се смееја само ти беше со мене?
- Да душо.
- А, се сеќаваш кога ми пропадна бизнисот, ти пак беше со мене?
- Да злато.
- А, кога се слупав со колата, 10 дена и ноќи ти беше до мене?
- Да бе миличок.
- И, знаеш до каков заклучок дојдов после толку време?
- Кажи срце.
- Баксуз си ми Трпано, баксуз!