Буш - Бранко

Џорџ Буш дошол на посета во Македонија и како што е редот Бранко го однел на прошетка низ Скопје, се шетале, муабетеле и само гледаат човек како моча на улица, Буш извадил пиштол и го убил човекот. Бранко изнервиран го прашал зошто го убил човекот. Буш ладнокрвно му одговорил:
- Епа кај нас во Америка, кога ќе видиме некој човек како моча на улица го убиваме...
После некое време, Бранко ја посетил Америка... Се шетале по улица и гледаат некој човек како моча... Бранко го извадил пиштолот и го убил човекот за да му врати на Буш.
Следниот ден во весник:
"Убиен Македонскиот амбасадор во Америка."