Предигра

Си било едно црвче и сакало да се најаде. Го гледа листот и размислува....
- Ај да почекам нека стане зелен и посочен, па ќе го изедам.
Во меѓувреме, некое врапче го мерка црвчето и размислува...
- Ај да почекам да созрее ливчето, црвчето нека го изеде, ќе стане подебело, па потоа ќе го изедам - да имам што да лапнам.
Во меѓувреме, некое маче го гледа врапчето и си размислува...
- Ај да почекам да созрее ливчето, па црвчето нека го изеде, па него врапчето ќе го изеде, ќе биде подебело, па потоа јас ќе го изедам врапчето - да имам што да каснам.
- И така би. Црвчето го изело ливчето, врапчето црвчето, арно ама на мачето му побегнало врапчето, и тоа паднало во едно вирче.
Наравоучение: Ако многу му ја мислите, и предиграта Ви трае подолго од вообичаено, има шанса мачето да ви остане само влажно!