Снајпериста

Оди човек во продавница за оружје да купи снајпер. Вработениот му го дава најдобриот и го фали:
- Снајперов е толку добар, што можеш со него да ја видиш мојата куќа ондека на ридот.
Го зема човекот снајперот, гледа низ него накај ридот во куќата на другиот и се смешка.
- Што е толку смешно?
- Гледам голи маж и жена како се бркаат низ твојата куќа.
Ѕирка вработениот и се запрепастува. Вади два куршуми од фиока, му ги подава на човекот и му вика:
- Еве ти два куршума. Ако ја погодиш жена ми во глава, а на тој со неа му го откинеш алатот, снајперов е твој без пари.
Ги зема куршумите човекот, ѕирка низ снајперот и му дофрла на вработениот:
- Слушај, мислам дека со еден куршум ќе ја завршам работата.