Tрпана

На испит по анатомија, професорот ја прашува Трпана:
- Кажете колешке, кој дел од човечкото тело се зголемува за пет пати при силна возбуда?
Трпана почнала да црвенее.
- Ама, срам ми е да ви кажам.
- Кажете колешке, слободно не се срамете, сепак сте на испит.
- Е па добро. Тоа е пенисот!
- Е колешке, колешке, каде ви е паметот, зеницата е правиот одговор.