Tрпе и Трпана

Се разбудила Трпана сред ноќ и гледа го нема Трпе во постела.
Почнала да го бара низ цела куќа и го нашла во кујна како седи на маса, пие кафе, тажно гледа во белиот sид и му течат солзи низ лицето.
-Што е Трпе, што е работата љубов моја?
-Се сеќаваш ли Трпано, кога се запознавме пред 20 години, тогаш имаше само 16 години.
-Да се сеќавам.
-А се сеќаваш... се сеќаваш ли кога татко ти не фати како се сексаме во гаража.
-Како да не се сеќавам љубов моја.
-Се сеќаваш ли кога ми стави пиштол на чело и кога ми рече дека ако не те земам за жена дека или ќе ме убие или ќе одам во затвор 20 години.
-И на тоа се сеќавам.
Ги избришал Трпе солзите и тажно рекол:
-Епа Трпано, денеска би излегол.