Љубчо и Бранко

Отишле Љубчо и Бранко на гости кај Буш во Америка, ги седнале на голема маса и почнале да принесуваат порцелански чинии. Ги видел Бранко чиниите, грабнал една и ја пикнал под пазуви. Арно ама, го видела тоа жена му на Љубчо и му шепка:
- Абе, Љубчо, види го Бранко здипли чинија, земи и ти една.
Станува Љубчо и вика:
- Ние Македонците сме познати магионичари. Еве јас ќе ставам една чинија под пазуви, а Бранко ќе ја извади.