Алат

Некој лекар работел во мртовечница и вршел преглед на телата пред да бидат погребани или кремирани. Една вечер пред да си оди дома почнал да го прегледува телото на некој си Димитар, кога што ќе види... човеков го имал најголемиот алат што го видел во животот. Се размислил малку лекаров, па си рекол во себе:
- Извини Димитар, али не можам да те пуштам на кремирање со толкав алат. Мора да со сочува за проучување.
И така лекаров му го отсекол на Димитар, го ставил во актовка и среќен го носи дома. Влегол дома и прво ја викнал жена си:
- Жено, ела брзо да видиш нешто, нема да поверуваш...
Ја отворил актовката и жената само што фрлила поглед извикува:
- Леле, боже. Умрел Димитар!