Трпе Легенда

Трпе се вози во воз. Наспроти него седи постар човек. Одеднаш, крај левото уво на Трпе долетува плунка. Трпе се чуди и го гледа постариов човек како собира плунка и повторно плука, но сега крај неговото десно уво.
- Простете. - Се извинува постариов човек. - Но јас сум светски првак во прецизно плукање...
Трпе не вели ништо, само собира плувачка, плука и право на овој в лице.
-Ох, извинете. - Вели Трпе. - Јас сум само аматер...