Сем и Енох

Сем работел во една компјутерска компанија 25 години и на крај решил дека му е здосадено од сето тоа, дал отказ на работа и купил земја на село. Единствените луѓе кои ги гледал биле оние кои ги среќавал кога одел еднаш месечно да купува продукти.
По 6 месеци еден селанец дошол кај него и му рекол:
- Се викам Енох. Јас сум ти комшија. Во недела ќе правам забава, па мислев дека ќе сакаш да дојдеш.
- Одлично - му рекол Сем.
- По 6 месеци изолација би сакал да се дружам. Благодарам на поканата.
- Ама, ќе има и многу пиење.
- Супер - рекол Сем.
- Одамна не сум пиел.
-Ама, ќеима и тепачки.
"Цврсти луѓе се овие" - помислил Сем и рекол:
- Нема проблем, ќе се снајдам и со тоа.
- И, да не заборавам, ќе има и многу секс.
- Супер, по 6 осамени месеци тоа многу добро ќе ми дојде. А, што да облечам?
- Што сакаш. И онака на забавата ќе бидеме само ние двајца.