Несреќа на голф-партија

По многу инсистирање, мажот ја одвел жената на прва партија голф во нејзиниот живот. Како што и се очекувало, нејзиниот прв удар завршил во прозорецот на преубавата куќа во близина на голф игралиштето. Мажот полудел:
- Ти реков да внимаваш, сега мораме да одиме таму и да ја платиме штетата. И така, тие влегле во куќата. Веднаш се преплашиле кога виделе дека освен прозорецот, топчето ја скршило и преубавата античка вазна. На каучот спроти нив лежел млад маж:
- Дали вие го скршивте прозорецот?
- Да, господине, страшно ни е жал! - одговориле тие.
- Ох, ама не треба да ми се извинувате, всушност јас вам терба да ви бидам благодарен. Видете, јас сум дух и повеќе од илјада години бев заробеник на оваа вазна. Сега штом ме ослободивте, можам да ви исполнам три желби. Ако не би пречи, и на едниот и на другиот ќе ви исполнам по една желба, ама последната би ја оставил за себе. Двојката се согласила. Мажот размислил за миг, па рекол дека сака по милион евра, секоја година до крајот на животот.
- Нема проблем, тоа е најмалку што можам да направам, и покрај тоа ви гарантирам и долг и здрав живот. А сега вие, госпоѓо, што сакате?
Таа посакала во секоја држава во светот да има огромна куќа со многу слуги.
- Сметајте го тоа за решено. - Рекол духот.
- А која е твојата желба? - прашале тие.
- Па добро, бидејќи беф заробеник над илјада години, мојата желба е да спијам со жена, еве на пример со твојата. - Му рекол духот на мажот.
Овој ја погледнал жената и и рекол таа да реши, сега кога се богати и ги имаат сите тие куќи. Таа размислила, рекла дека не и е сеедно, ама дека со оглед на се, би можела тоа да го поднесе. Духот и жената го направиле тоа и по некои три часови секс без прекин, духот се свртел и ја погледнал жената право во очи:
- Колку години имате вие и вашиот маж?
- Триесет и пет, исто годиште сме. - Одговорила жената.
- Без заебанција, толку години, а се уште и двајцата верувате во духови?