Грди Фаци

Учителката во школо видела неколку деца како прават фаци додека си играат, па ги предупредува:
- Деца, кога бевме мали нас не учеа дека кој прави грди фаци ќе остане таков кога ќе порасне.
На тоа Кирче коментира:
- Па добро, барем не може да се жалите дека не ве предупредиле.