Свашта

Ја оставил Трпе жената во Струга и отишол на печалба во Минхен. За брзо време направил многу пари,па ја викнал жена си да дојде кај него во Германија. Доаѓа Трпана и шетаат тие заедно низ Минхен, кога на Трпе некоја женска му се фрла во раце и почнува да го бацува. Си оди женската и Трпана прашува:
-Која е оваа бе?
-Швалерка. Сите што се дојдени на печалба овде,имаат пари и возат Мерцедес мора да имаат швалерка. Таков е обичајот. Влегуваат тие во ресторан,седнуваат и гледа Трпана нивни пријател, Гоце од Струга,со женска на соседната маса.
-Која му е онаа на Гоце?
-Швалерка.
Ја одмерува Трпана швалерката на Гоце и коментира:
-Ха, нашата е поубава.