Будалите ми го згрешиле името

Трпе и Гоце се враќаат дома од кафана, ама одлучуваат да одат по краткиот пат, преку гробишта. Само што влегле на гробишта, слушаат тие силно удирање. Се преплашуваат и двајцата, па ѕиркаат лево, десно да видат од каде доаѓа тропањето. Кога, ете го позади една грмушка човек со чекан и длето удира по една надгробна плоча. На двајцава и олеснува, а Трпе проговорува:
- Господи, колку не исплаши, мислевме дека си некој дух! Па, добро бе човеку, што правиш волку касно на гробишта?
Човеков одговара:
- Будалите ми го згрешиле името!