Работа

Се јавува братот од провинција кај братот во Скопје.
- Батеее, ај најди му работа на овој дибеков дома, по цел ден само врапци брка.
- Важи бе брат, ќе го ставам во дуќан нека продава фармерки, 500 евра месечно ќе зема.
- Не бе бате, немој толку пари да заработува, голем град е, ќе се расипе.
- Добро де еве нека продава маички на пазар, 250 евра ќе зема.
- Не бе бате и тоа е многу, ќе го расипат парите.
- Е па тогаш ќе го пуштам на стадион семки да продава,150 евра сигурно ќе земе.
- Бате, ај најди некоја работичка за 100 тина евра?
- Е брат, за тоа му треба диплома!