Ги мавнаф како од шала

Шетаат малиот Трпе со татко му и Трпе цело време прашувал нешто.
- Тато, што е она?
- Тоа е црква сине, таму се оди за празници, за крштевки...
- А тато, што е она? И покажува на јавна куќа.
- Ееее тоа ти е сине мало, скапо ама слатко задоволство.
И стасале дома и татко му му дава 100 денари да си купи нешто.
И нормално Трпе право отишол кај малото слатко задоволство. Ги ставил парите на шанк и побарал нешто слатко. Жената кога го видела му намачкала три лепчиња со џем. Овој двете веднаш ги изел а на третото само го излижал џемот. Кога дошол дома кажал на татко му дека бил на тоа слаткото место и на овој му паднало мрак на очи.
- Тато, двете ги мавнав како од шала, а за третата немав сила па само ја излижав.