Прочитај го!

Во купе во воз седат Грк,Македонец,стара баба и плавуша.
Влегува возот во тунел и за неколку секунди се слуша силен сочен шамар.Кога возот излегол од тунел гркот имал црвен образ,но никој не прозборел па така секој размислува во себе:

Бабата си мисли:
~Сигурно Гркот ја фатил плавушата па оваа му плеснала една...
Плавушата мисли:
Хмм,гркот сигурно сакал да ме фати ,но во темница ме промашил ја фатил бабата и оваа му плеснала една...
Гркот мисли:
~Македонецот сигурно ја фатил плавушата,а таа сакала да му удри шамар но го промашила и ме удри мене...
Македонецот мисли:
~Уф едвај чекам да дојде друг тунел и пак да го исшамарам гркот.