Агггг

Умрел човек и некој од фамилија оди во продавница да купи сандак. Влегува и го прашува продавачот:
- Колку е овој сандак?
- 1500 марки.
- А овој?
- 1000 марки.
- Добро бе, немате ли нешто поефтино.
- Еве, овој овде е само 500 марки.
- Многу бе човек, дај нешто поефтино.
Продавачот веќе видно изнервиран:
- А здрвен ли е мртовецот?
- Да, целиот е здрвен.
- Е, па донеси го овде, за 50 марки ќе му зашрафиме рачки.