Руаууу

Двајца млади ловџии го запознаваат најстариот ловџија во друштвото и од почит го прашуваат која му е најстрашната ловџиска приказна.
Почнува стариот:
- Еее, 44 година отидовме во Африка да ловиме лавови. Немавме среќа два дена, арно ама третиот ден си стојам јас потпрен на едно дрво со цигара во уста, кога пред мене излегува најголемиот лав што сум го видел и прави РУАУУУУУ!!. И... јас се посрав во гаќи.
Еден од младиве веднаш реагира:
- Па видете, и јас да бев на ваше место, ќе се посерев во гаќи.
- Не тогаш бе. Сега се посрав, кога реков РУАУУУ!