Полицајски

Полицаец ги пратил жената и децата на одмор на море кога ете ти го по една недела и тој им се придружил. Отишол во хотелот и почнал да и додева на сопругата.
- Дај, остави ме сега, децата се во другата соба, не можеме овде да водиме љубов!
- Во право си, ај да одиме на плажа.
По неколку минути, на пустата плажа се појавил полицаец.
- Срам да ви е, брзо да сте се облекле. Тоа не се работи на јавно место.
- Извини, другар, ова беше момент на слабост, цела недела не сме се виделе. Знаете и јас сум полицаец и би ми било незгодно да ме казните.
- Во ред, вие сте ми колега и вам ви е простено, ама оваа жена веќе трет пат ја фаќам гола на плажава и сега казната не и гине!