Дропки

После подолго време дошол поп во некое градче. Се собрале полно луѓе за да се исповедаат.
- Попе, јас 12 пати го мамев маж ми.
Пресметува нешто попов и вика:
- Ти забранувам 3 месеци да не водиш љубов!
Влегува некоја друга жена.
- Попе, јас 10 пати го мамев маж ми.
После кратко пресметување.
- Ти забранувам 1 месец да не водиш љубов!
Влегува друга жена.
- Попе, јас 10 ипол пати го мамев маж ми.
Пресметува попов, смета и вика:
- Ај оди доработи се, тешко ми одат дропки!