Шверцер

Еден човек на велосипед постојано ја преминувал границата со поголема вреќа на багажникот. Цариниците редовно ја прегледувале вреќата, но никогаш ништо не наоѓале во нејзе освен обичен песок.
-Па добро, сигурно не шверцувате песок? - нервозно го прашал цариникот кој секогаш се фаќал за вреќата.
-Не - одговорил мирно патникот.
-Ви давам чесен збор - инсистирал цариникот - дека ништо нема да Ви се случи ако ми признаете што шверцувате преку граница.
-Штом е така, тогаш ќе Ви кажам: пренесувам велосипеди