Печурки

Жена и најавува на своја пријателка дека ќе се мажи по четврт пат.
- Тоа е прекрасно, но, извини што прашувам, што стана со твоите претходни мажи.
- Првиот изеде отровни печурки и умре!
- Леле, колку трагично. А вториот?
- И вториот изеде отровни печурки и умре.
- Страшно! Страв ми е да прашам што се случи со третиот.
- Тој си го скрши вратот.
- Си го скрши вратот?
- Па, не сакаше да јаде печурки.