Поштар

На поштарот му е последен ден на работа после 35 години верно служење во својот реон. На последната обиколка, од првата куќа го пречекува целото семејство, му честитаат и му даваат подарок во плик.
Во втората куќа повторно истото, но добива штека цигари.
Доаѓа тој кај третата куќа и вратата ја отвара прекрасна млада жена облечена само во долна облека. Таа го фаќа за рака, го носи во кревет, водат љубов, го носи во кујна, му дава доручек, шолја кафе и банкнота од 100 денари под шолјата.
Поштарот се уште возбуден од прекрасниот подарок, прашува:
- Се беше одлично, мора да признаам, но, не ми е јасно, зошто ми давате 100 денари.
- Па, вчера вечер со маж ми почнав муабет за тоа што да ти дадеме поклон за пензионирање. Неговата реакција беше "Јеби га, дај му 100 денари". Доручекот беше моја идеја.