Фифти Фифти

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина и дал на жената. Потоа ги поделил компирчињата од помфритот, едно него едно нејзе и на крај претурил половина од кока колата во нејзината чаша. И тогаш, мажот почнал да јаде, а жената само седела и го гледала со скрстени раце. Се смилувал дечкото, отишол кај двојката и се понудил да им купи уште еден оброк. Мажот одговорил:
- Не, благодарам. Ние сме во брак 50 години и цел живот се сме делеле по половина.
Дечкото:
- А зошто госпоѓата не јаде?
Жената одговорила:
- Негов ред е да ја користи вилицата.