Кохони

Оди човек во Мадрид, Шпанија, седнува во ресторан и го порачува специјалитетот на куќата. Келнерот му носи чинија со компири и две топки месо. Човекот прашува:
- Што е ова ?
- Кохони, господине.
- Што се кохони?
- Кохони се тестиси од бик што има изгубено во попладневната борба на арената.
Отпрвин му се згадило на човекот, ама откако ги пробал и му се бендисале се изел. Другиот ден човекот повторно отишол во истиот ресторан и повторно порачал кохони. Го донел келнерот јадењето, но со две топки скоро двојно помали од претходните. Човекот револтиран:
- Што е ова?
- Кохони господине.
- Не, не. Јас вчера јадев кохони и тие беа многу поголеми од овие.
- Господине, не губи секој ден бик.